Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче одговорија на прашањата за воведување на рестрикции поради бројот на новозаболени од ковид-19.
Спасовски одоговарајќи околу тоа дали е можно затворање на северната граница со оглед на состојбата со коронавирусот рече: „Ако има каква било потреба или оправданост која што ќе произлезе од Комисијата за заразни болести секако дека ќе носиме одлуки затоа што наш голем приоритет е ние да се заштитиме, да ја заштитиме државата и да го заштитиме здравјето на граѓаните“.
Премиерот е дециден дека никој не ги посакува рестрикциите и апелираше до граѓаните да не го потценуваат вирусот и да се придржуваат до мерките за заштита.
Според него, епидемолошката слика не само кај нас, во регионот е иста речиси секаде и веќе не се разликува многу и во некои други држави во Европа. Токму тоа, како што Спасовски, била клучната причина зошто дошло до отворање на границите.
Министерот Филипче, пак, истакна дека досега не е разговарано за евентуално затворање на границите и за големиот проток на луѓе од Србија и Косово.
„Ако во било кој момент одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка дали е тоа премин преку граница или рестрикција во движење во било кој дел од земјата, тоа ќе го препорачаме, изјави Филипче по средбата со претставници на Здруженијата за ретки болести во Градскиот парк.
Текстот Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче е превземен од МАКФАКС.