Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Медиумите треба да им помогнат на луѓето да го разликуваат доброто од злото

Папата Франциско: Медиумите треба да им помогнат на луѓето да го разликуваат доброто од злото

Папата Франциско во вторникот им рече на членовите на „Католик прес асосиејшн“ дека медиумите треба да градат мостови, да го бранат животот и да им помагаат на луѓето, а особено на младите, да го разликуваат доброто од злото, пренесува „Брејтбарт“.

Папата им ја испрати својата порака на учесниците на виртуелна конференција за католички медиуми спонзорирана од „Католик прес асосиејшн“, а ја почна со изразување блискост кон оние кои се погодени од вирусот и на оние кои, ризикувајќи го и животот, продолжија да работат на „помагање на нашите браќа и сестри кои имаат потреба од тоа“.

„Искуството од пандемијата покажа колку е суштинска мисијата на медиумите за зближување на луѓето, обезбедување на потребните информации и за отворање на умовите и срцата кон вистината“, рече папата.

Комуникациските медиуми се повикани да информираат и да обединат, рече понтифот. „Колку итно е потребно тоа денес, во ера означена со конфликти и поларизација на која и самата католичка заедница не е имуна“, продолжи тој. „Ни требаат медиуми способни да градат мостови, да го бранат животот и да ги срушат sидовите, видливи и невидливи, кои спречуваат искрен дијалог и вистинска комуникација помеѓу поединците и заедниците“.

„Ни требаат медиуми што можат да им помогнат на луѓето, особено на младите, да го разликуваат доброто од злото, да развиваат здрави ставови  засновани врз јасна и непристрасна презентација на фактите и да ја разберат важноста на работењето за правда, социјално согласување и почит кон нашиот заеднички дом “, рече тој.

Папата Франциско исто така рече дека новинарите треба да бидат мажи и жени со верба кои ќе ја штитат комуникацијата од сето она што ќе ја искриви или ќе ја наведе кон други цели.

Осврнувајќи се на неодамнешните протести во САД, папата рече дека сите мора да работат на надминување на болестите на расизмот, неправдата и рамнодушноста „што го обезличуваат лицето на нашето заедничко семејство“.

 

Текстот Папата Франциско: Медиумите треба да им помогнат на луѓето да го разликуваат доброто од злото е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет