Утрински Весник
Свет

Хрватска го укина задолжителниот карантин за граѓаните на Србија, БиХ и Црна Гора

Хрватска го укина задолжителниот карантин за граѓаните на Србија, БиХ и Црна Гора
Dik 300x250 mk

Од денеска сите граѓани на Европската Унија можат да влезат во Хрватска, а оние од трети земји само под одредени услови.

Европската комисија донесе одлука дека од 1 јули сите земји членки ќе ги отворат границите за граѓаните од 15 земји кои се сметаат за безбедни, а со одлука на Хрватска, граѓаните на БиХ можат да влезат во земјата од полноќ. Списокот на земји ќе се ревидира на секои две недели, во согласност со епидемиолошките критериуми, објави хрватскиот портал „Индекс“.

Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита одлучи да ја укине мерката на задолжителен 14-дневен карантин за граѓаните од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Текстот Хрватска го укина задолжителниот карантин за граѓаните на Србија, БиХ и Црна Гора е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците