Утрински Весник
Свет

Експлозија во приватна болница во Техеран, загинаа 18 лица

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија во приватната болница Зина Атар на северот на главниот ирански град Техеран, јави новинската агенција ИСНА, повикувајќи се на портпарол на противпожарната бригада што дошла да го изгасне пожарот.

Шестмина имаат сериозни повреди и се пренесени во други болници на лекување. На пожарникарите им биле потребни два часа за да го стават пожарот под контрола. Сè уште не е познато што ја предизвикало експлозијата. Пожарникарите прво се сомневале дека експлодирале боците со кислород во подрумот на болницата, но можно е дека експлозијата била предизвикана и од некои други гасови.

Според првите информации, кои ги објави новинската агенција Фарс, повикувајќи се на официјални извори, во експлозијата загинале 13 лица.

Текстот Експлозија во приватна болница во Техеран, загинаа 18 лица е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви