Утрински Весник
Македонија

Само со редовна имунизација може да се зачува јавното здравје

Само со редовна имунизација може да се зачува јавното здравје

Вакцините како ефикасна алатка за подобро јавно здравје се императив во политиките на Министерството за здравство и Владата. Таа е признаена како една од најуспешните превентивни здравствени мерки во светот. Со вакцинација, се создава отпорност на организмот кон заболувања, соопшти Министерството за здравство.

„ Во оваа насока, во 2019 година се воведоа две нови вакцини во Календарот за имунизација. Станува збор за вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус. Овие две вакцини ги штитат најмладите пациенти од инфекции што се чести во детската возраст, особено кај деца кои посетуваат градинки.

Претходно прележана пневмококна инфекција не значи заштита од идни пневмококни болести, и токму затоа вакцината е најдобра заштита која спречува развој на симптоми на заболувањето и се намалува потребата од престој во болница. Вакцината за рота вирус, пак, се дава на возраст од 2, 4 и 6 месеци и со неа се вакцинираат само новороденчиња.

Минатата година, успешно се справивме со епидемијата од морбили (мали сипаници). Навремените мерки и активности придонесоа да се достигне опфат на вакцинација со МРП вакцина од 98% во цела држава. Од почетокот до одјавувањето на епидемијата, вкупно се вакцинираа 49.332 и со ова се исполни препораката на Светската здравствена организација.

Сите вакцини кои се користат во здравствените домови низ земјава се од реномирани производители од земји на Европската Унија (Франција, Белгија, Бугарија), одобрени од СЗО и ги исполнуваат сите потребни стандарди. Редовната имунизација создава колективен имунитет, а невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици. Само со редовна имунизација можеме да го зачуваме јавното здравје“.

Текстот Само со редовна имунизација може да се зачува јавното здравје е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово