Ја развиваме инфраструктурата како основа за директни инвестиции, конкурентност на економијата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Имаме јасно поставена рамка преку која ги идентификуваме и приоритетизираме инвестициите во инфраструктурните потреби на нашата земја, а истовремено и го овозможуваме нивното реализирање, изјави Николоска од СДСМ.
„ Токму преку инвестициите во инфраструктурата, покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните и ги исправаме грешките на претходните криминални проекти што ги затекнавме по патиштата, а со цел да продолжиме со градење
Го продолжуваме проектот „Македонија без кал” преку којшто во изминатите три години работевме на изградба на локални патишта низ целата држава со цел подобрување на условите за живот.
Најавуваме преку силна динамика продолжување на проектот за кој обезбедивме 70 милиони евра, пари што ќе бидат оставени на располагање на општините за изградба и реконструкција на локални патишта. Преку оваа програма подготвуваме рехабилитација на преку 450 километри локални патишта и улици, со што ќе овозможиме полесен и побезбеден пристап на граѓаните до болници, училишта, спортски објекти, културни и верски центри и други објекти од јавен и општествен интерес.
Како одговорни луѓе, парите на граѓаните ги насочивме кон нивните вистински потреби. Еден од предусловите за овозможување на квалитетен живот на нашите граѓани, пред сѐ, во руралните средини, е продолжување со бројните активности за вистински инвестиции во комуналната инфраструктура“ порача Николоска.
Текстот Николоска: Oвозможувaме квалитетен живот во руралните средини, сите заслужуваме еднакви стандарди е превземен од МАКФАКС.