Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги крати административните процедури за граѓаните и правните лица

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги крати административните процедури за граѓаните и правните лица

Македонија мора да тргне напред. Македонија мора да биде држава со еднакви услови за сите.ВМРО-ДПМНЕ е насочено кон обезбедување на целосна инклузивност на лицата со попреченост и обезбедување на еднакви права и можности. Во таа насока предвидуваме систематизирање и адаптација на работни места кои ќе бидат наменети за вработување на лица со инвалидност, соопшти партијата.

Дополнително во насока на деполитизација на администрацијата и заради обезбедување на транспарентност во постапките по жалбите во втор степен за права од работен однос, како и при полугодишното и годишното оценување, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе предвиди законски измени со кои ќе се обезбеди вклучување на синдикални претставници во сите наведени постапки.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на усогласување на платата на судската администрација, администрацијата во здравствените установи и воспитните установи со платата на административните службеници.Како главна реформа ќе предвидиме скратување и рационализација на административните процедури низ кои секојдневно поминуваат граѓаните и правните лица. Овој проект има за цел да го скрати времето на чекање на граѓаните, метежот пред шалтерите во институциите и да го поттикне и олесни бизнисот.Имаме обврска кон граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да изврши обнова на Македонија.Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ ќе ги крати административните процедури за граѓаните и правните лица е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт