Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 38 степени

Сончево со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време. Во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има за време на викендот.

Текстот Сончево со температура до 38 степени е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Излезноста во Брвеница до 13 часот повисока за 7,31 процент од првиот круг

Со запалива течност опожарил паркирано возило во Скопје, полицијата го бара

Мајка ја тепала 12-годишната ќерка, доби кривична пријава