Утрински Весник
Спорт

„Мечот на пеналите“ заврши 2-2, Барса е чекор назад од титулата

„Мечот на пеналите“ заврши 2-2, Барса е чекор назад од титулата (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Ефикасен и возбудлив меч одиграа Барселона и Атлетико Мадрид вечерва на „Ноу Камп“. Конечниот резултат по 90 минути игра беше 2-2.

Се играше 11 минута кога Диего Коста несреќно реагираше во својот шеснаесетник, по една нафрлена топка, па топката ја смести зад грбот на голманот Облак.

Неколку минути подоцна Видал играше грубо во својот казнен простор, па судијата оправдано покажа на белата точка, во полза на „јорганџиите“. Коста се обиде да се извади за автоголот, но дополнително „се закопа“. Тер Штеген му го одбрани пеналот.

Сепак, Атлетико успеа да израмни и тоа по само неколку минути. И повторно пенал. Овојпат непогрешлив беше Саул Нигез, за 1-1 во 19 минута.

И во вториот дел иста слика. Повторно пенали, и тоа на двете страни.

Најпрво Меси реализираше од белата точка во 50 минута (за 2-1) откако Фелипе го сруши Семедо во казнениот простор.

Но на ист начин во 62 минута, погоди Саул, по вторпат на овој меч. Сега Семедо беше невнимателен и стартуваше одзади во својот шеснаесетник. Нигез е непогрешлив, за 2-2.

До крајот на мечот немаше промена на резултатот.

Барселона по ова реми заостанува еден бод зад Реал Мадрид, но „Кралевите“ имаат меч помалку од Каталонците, оној кој на 2 јули ќе го одиграат на „Бернабеу“ против Хетафе. Доколку слават, предноста пред Барса ќе е 4 бода.

Текстот „Мечот на пеналите“ заврши 2-2, Барса е чекор назад од титулата е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност