Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Баерн и Сити се договорија за Сане, тврди „Билд“

Сане: Во Минхен ќе одам само на одмор
Img 7972

Минхен, 30 јуни 2020 (МИА) – Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане веќе постигнал договор со Баерн (Минхен), пренесува „Билд“.

Надоместокот за трансфер ќе биде околу 50 милиони евра. Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор.

Дваесет и четири-годишниот Германец претрпе тешка повреда во првиот натпревар од тековната сезона во Англија. Ова се случи на натпреварот за Суперкупот против Ливерпул.

Сане се појави на теренот во средбата со Барнли на 22 јуни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025