Велес, 30 јуни 2020 (МИА) – Мојот личен и најголем мотив во оваа изборна кампања е да да ги вратиме и да ги задржиме младите тука. Младите во изминатите 11 години ја напуштаа земјата затоа што беше газено нивното достоинство. Тие заминуваа заради тоа што не веруваа во системот во правдата. Не веруваа дека работите може да се променат. Денеска гледаме дека многу работи се променети, демократијата е вратена, слободно се зборува, слободно се критикува.
Ова го порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“, на денешната трибина со граѓаните во Велес.
Тој оцени дека времето покажало дека ВМРО-ДПМНЕ прераснал во фабрика за лажни вести и манипулации бидејќи, како што рече, во 2016 година лажеа и ги бараа гласовиот од источниот регион со заплашувања за некаква кантонизација или федерализација.