Утрински Весник
Македонија

Во пожар кај Струмица изгоре штала

Во пожар кај Струмица изгоре штала

Струмица, 30 јуни 2020 (МИА) – Попладнево околу 17 часот во атарот на село Баница, во близина на Градските гробишта кај Струмица, изгоре штала, а била зафатена сува трева и грмушки, информираат од Територијалната противпожарна единица.

Во гаснењето учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, а пожарот е изгаснат околу 18:20 часот.

Причинета е само материјална штета, а причините за пожарот ќе се испитуваат.

За пет дена ова е четврти пожар на отворено во Струмичко. рт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Водата во Крушево не е безбедна за пиење

Работник на „Комуналец“ загинал 10 дена пред загадувањето на водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрага