Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Согласно одлуките на ЕУ, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани

Согласно одлуките на ЕУ, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани
300x250 opst2

Атина, 30 јуни 2020 (МИА) – Северна Македонија не е на листата држави за кои Грција од утре ќе дозволи влез, со оглед на тоа дека официјална Атина ја следи препораката на ЕУ и одлуката на европско ниво за листата со трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција, следејќи ја европската препорака, ја проширува можноста за влез во земјата и за постојаните државјани на следните трети земји (листата ќе се ажурира на 15 дена): Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, Кина (ќе се разгледа врз основа на взаемност), соопшти попладнево портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

Во однос на копнените граници, на граничните премини со Северна Македонија, Албанија и Турција дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

На границата со Бугарија, туристите ќе можат да влегуваат во Грција само преку граничниот премин Промахонас, како што беше и досега.

Освен за копнените граници, листата со трети земји важи и за меѓународните летови на аеродромите во цела Грција, односно и за авионскиот транспорт, продолжува да важи забраната за македонските државјани. ср/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МОН: Дополнителна можност за сместување во студентски домови каде што има слободни места

Уште една смрт поврзана со случајот „Пулс“ – почина осомничен полициски службеник

Македонија ја освои престижната награда за „Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака