Утрински Весник
Македонија

Заев од Радовиш: Нашата понуда нуди нова развојна економија

Заев: Силно веруваме во концептот Парите кај граѓаните, повисоки плати во сите сектори, а ќе растат и најниските пензии

Радовиш, 30 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш ќе се сретна со претставници на бизнис секторот, со младите, со земјоделците, со спортистите со кои, како што најави ќе разговараат за понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ ја нуди за решенија за граѓаните.

– Понуда која носи нова развојна македонска економија, која ќе обезбеди нови инвестиции, работни места и повисоки плати за сите наши граѓани. Се обврзуваме за четири години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции, најмалку една милијада евра странски инвестици за четири години, инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисните, рече Заев.

Тој најави продолжување на поддршката за инвеститорите за домашните и за странските компании во износ од 600 милиони евра и тоа 300 милиони евра од домашни средства и 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат пред нас само за реализација на нови инвестиции во државата.

– Мерките и политиките што ги носиме обезбедуваат дополнителен пад на невработеноста. Стапката на невработеност ќе ја намалиме по три отсто годишно, со цел во 2024 година стапката на невработеност да биде едноцифрена, изјави Заев во Радовиш.

Лидерот на СДСМ рече дека ќе покажат дека платите може да растат уште повеќе и оти нивна цел за 2024 година е просечна од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари.

СДСМ и коалицијата, како што потенцираше тој, како одговорни продолжуваат да го реализираат концептот враќање на парите назад кај граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во „белиот дворец“ и во нивни лични џебови.

– Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемената минимална плата, против покачувањето на пензиите и затоа нема дилеми. На 5 јули граѓаните ќе ја поддржат нашата коалиција која носи повеќе пари во семејствата, но нема да дозволат обнова на режимот кој само земаше од граѓаните, рече Заев во Радовиш.

Лидерот на СДСМ зборувајќи за нивната програма за земјоделството, кажа дека овој земјоделски регион но и индустриски регион, со незагадувачка индустрија, ќе биде заштитен, пред се, еколошки, платите ќе бидат зголемени како и понудата на работните места.

– Паралелно како растат платите ќе се качуваат и пензиите затоа што само со силна економија може државата да враќа назад кај своите граѓани, рече Заев.

Земјоделството, додаде тој, ќе се унапредува од секој можен свој аспект.

– Покажавме дека субвенциите се поголеми и стигаат кај вистинските индивидуални земјоделци, 30 милиони евра повеќе субвенции стигаат кај земјоделците отколку во периодот на режимот, истакна Заев. рт/ев/

Радовиш-Изјава на Зоран Заев, претседател на СДСМ

Posted by MИА.mk on Вторник, 30 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали