Утрински Весник
Спорт

Росел: Информациите за разрешувањето на Сетиен се лага

Сетиен: Не гледам причина зошто Меси да не игра против Мајорка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 30 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел ги осуди шпекулациите за скорешно разрешување на тренерот на Каталонците Кике Сетиен.

– Колку што знам, тоа не е така. Зошто да пишуваме за тоа, ако е лага? Зошто некои каталонски публикации ги пишуваат овие непотврдени информации? Излезе дека ние Каталонците сами си наштетуваме, пукаме во нога. Дури и ако некој од клубот изјави денес дека гласините за отказ на Сетен не се вистинити, никој нема да верува во тоа. Понекогаш за Каталонците, најлошото што може да му се случи е уште еден Каталонец. Го храниме нашиот непријател, изјави Росел.

Претходно во медиумите имаше информација дека Сетиен би можел да биде отстранет од својата функција доколку загуби од Атлетико или Виљареал во следните две кола од шампионатот на Шпанија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички