Утрински Весник
Политички Партии

Хоџа: Гласањето за Коалицијата МОЖЕМЕ е глас кој спречува враќање на режимот

Хоџа: Гласањето за Коалицијата МОЖЕМЕ е глас кој спречува враќање на режимот

 

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – ДУИ по 18 години, се врати на темите што ги нарече затворени, додека ВМРО-ДПМНЕ им кажува на Албанците дека Северна Македонија во нивно владеење ќе биде само моноетничка држава. Сега треба да процениме како е можно овие двајца (поранешни) партнери да бидат толку добро координирани само за да добијат политички поени, напиша на својот Фејсбук профил генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, изнесувајќи делови од гостувањето во емисијата Клик на ТВ 21.

– Реков пред неколку недели и повторно потсетувам, не 3.000 страници на програмата колку што се фали ДУИ, нека дадат одговор за три проекти што ги ветуваа сите овие години и сè уште не се реализирани, а тоа се патот Скопје-Блаце, патот Тетово – Јажинце, патот на Арбер – Кичево – Дебар – Блато, напиша Хоџа.

Според него, има илјадници проекти што ДУИ не ги реализирал, но ги набројал само овие три, бидејќи, како што напиша, гласањето за бројот три ќе ги испрати ДУИ во опозиција.

– Гласањето за Коалицијата МОЖЕМЕ е глас кој спречува враќање на режимот, моноетничка држава, изградба на споменици, стиропорни фасади и празна реторика што не носат ништо добро за државата и животот на нејзините граѓани, напиша Хоџа на Фејсбук. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт