Утрински Весник
Македонија

Утврдени локациите за истакнување изборни плакати во Берово

Утврдени локациите за истакнување изборни плакати во Берово

Берово, 30 јуни 2020 (МИА) – Утврдени локациите за истакнување изборни плакати во Берово. Одлуката ја усвои Советот на општина Берово, од каде потенцираа дека истакнувањето изборни плакати е дозволено на неколку локации без притоа партиите да плаќаат  надоместок.

– Партиите имаат право да истакнат изборни плакати пред седиштето на своите партии, кај Сити лајтот на плоштадот во Берово, непосредно околу Музејот на град Берово, како и кај билбордот на ѕидот на Домот на култура во Берово, потенцираа од Советот на општина Берово.

Истовремено од таму додадоа дека изборни плакати можат да се поставуваат и во руралните населби на ѕидовите од задружните домови, на потпорните ѕидови на улиците и оградните ѕидови на јавните површини, како и деловните објекти во државна сопственост.

– Како дополнителни места за истакнување изборни плакати со надомест можат да се искористат постојните билборди и рекламни паноа во договор со сопствениците. Се работи за металните билборди кај постојната авотбуска станица и раскрсницата помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Моша Пијаде“, додадоа од беровскиот Совет.

Право на истакнување на изборните плакати во Берово, како што стои во одлуката имаат сите политички партии, кои имаат свои кандидати за претстојните Предвремени парламанетарни избори. вс/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДПИ на терен проверува дали трговците се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, преговараме со мултинационална компанија, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме