Скопје, 30 јуни 2020
Деновиве ,како што гледаме ,одредени ликови т.е родители на деца со попреченост го актуелизираат прашањето за правата на родителите на децата со попреченост
Коалицијата ,,Менуваме” ке поднесе пријава до Јавното обвинителство
Зошто?Цениме,дека потписите во предизбирна кампања ке бидат злоупотребени т.е иницијативата на Г-ѓата Маргарита Милошеска има партиска позадина која сака истата да ја повтори со иницијативата ,,5до12″.Имено,потписите немат значење бидејки не се собираат преку ДИК.Бидејки потписите не се преку ДИК истите нивни барања не можат да се преточат во промена на ЗТСП .
Она што сакаме да го потенцираме е,дека Република Македонија уште во 2011 ја ратификуваше Конвенцијата(КПЛХ)и истата е влезена во Устав ,член 124 ,со тоа се обрзува за нејзино имплементирање.Согласно последните препораки од КПЛХ на ОН,децидно вели,, државата го става фокусот на лицето со попреченост или детето’ што ке значи НИКАКО НА РОДИТЕЛОТ.
Знаеме низ што поминуваат родителите и нам ни се познати нивните проблеми,но исто така велиме,,барајте права за вашето дете а не за вас” бидејки вашето дете е со попреченост.Исто така во КПЛХ ,а дел од Устав,чл.124 вели,Родителите можат да ги барат правата на своите деца исклучиво преку нивните претставници а тоа се здруженијата во кои претседатели се исклучиво лица со хендикеп
Затоа им ЗАБРАНУВАМЕ на политичарите,да не ги прифатат овие барања на родителите (очигледно повеќе бараат права за нив отколку за своите деца со попреченост).Доколку политичките партии ги прифатат барањата на родителите и потписите (обичен лист хартија,без вредност ,бидејки не се преку ДИК) ке го толкуваме како предизбирна манипулација но и кршење на КПЛХ која е дел Уставот чл.124
Коалицијата Менуваме,жестоко се спротистави на овие манипулации ,кои алудираат и на веројатноста позади оваа иницијатива да стои и некоја политичка партија со цел -глас повеќе.Ги замолуваме родителите, да ја проучат КПЛХ и согласно истата да реагираат
Тема 01: Закон за заштита на децата (извадоци)
Член 11
(1) Како дете, во смисла на овој закон, се смета секое лице до наполнети 18 години живот, како и лица со пречки во телесниот и менталниот развој до наполнети 26 години живот.
Член 12
(4) Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.
(6) Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење.
(7) Секој граѓанин е должен да пријави пред надлежен орган каква било форма на дискриминација, злоупотреба и искористување на дете во облиците наведени во ставовите на овој член и тоа веднаш по стекнувањето на сознание за настанот.
* * *
Тема 02: Изборен законик на Р.М (извадоци)
Член 69-а
(1) За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
(2) Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.
(3) Во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, Државната изборна комисија е должна да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од 7 дена од денот на поднесувањето на приговорот.
Член 72
(1) За законитоста на спроведувањето на изборната кампања е одговорен учесникот во изборната кампања.
(2) Учесникот во изборната кампања е одговорен и за оние дејствија на изборната кампања за кои ќе овласти други лица.
* * *
Тема 03: Закон за здруженија и фондации (извадоци)
Член 13
(1) Организациите не можат да вршат активности на политичка партија, односно не можат да обезбедуваат директно или индиректно финансирање на конкретна политичка партија и да влијаат на изборите.
(2) Како влијание на избори во смисла на ставот (1) на овој член се подразбира учество на организациите во избори и изборна кампања за одредена политичка партија и директно или индиректно финансирање на изборна кампања на политичката партија.
Член 52
(1) Членовите на органите на организациите и нивните застапници по закон се одговорни солидарно за штетата на организацијата предизвикана од нивната работа, ако таа е предизвикана со грубо невнимание или со намера да се предизвика штета, освен во случаите кога во одлучувањето го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во одлучувањето.
(2) Барање за надоместок на штета поднесува органот определен со статутот или највисокиот орган, ако со статутот не е определен орган.
Член 66
(1) Секој може да поднесе иницијатива за забрана на работата на организациите пред надлежниот јавен обвинител.
(2) Ако надлежниот основен јавен обвинител според седиштето на организацијата по службена должност или по поднесената иницијатива оцени дека постојат причини за забрана на работата на организацијата во согласност со овој закон, ќе поднесе предлог до надлежниот суд.
(3) Постапката за забрана е итна.
ПРИГОВОР!!!
Нехумано, неморално и неетички е да се зло-употребуваат деца и лица со посебни потреби, вклучително да се манипулираат нивните родители, блиски семејства и пријатели, со цел добивање политички поени.
Согласно Изборниот законик на Р.М., секој граѓанин е должен да достави ПРИГОВОР до Државна Изборна Комисија и надлежен орган, доколку забележи злоупотреба на овие деца и лица во политички цели.
Согласно, Закон за заштита на децата, секој граѓанин е должен да пријави злоупотреба и искористување на овие деца и лица во политички цели кај овластен Јавен Обвинител.
ПРЕТСТАВКА!!!
Согласно:
– Конвенција на правата на лицата со хендикеп на О.Н.,
– Конвенција за права на детето на О.Н.
– Европска конвенција за човечки права
– Останатите ратификувани документи и протоколи со О.Н. и Е.У. кои Р.М. ги има потпишано
Во Република Македонија се случува злоупотреба на децата и лицата со попречености во политички цели и кампањи, и ПРЕТСТАВКА ќе биде поднесена до Народен Правобранител за секоја евидентирана злоупотреба на овие деца и лица.
ЗАБРАНА
Согласно, Закон за здруженија и фондации, секој кој ќе евидентира свесна или несвесна злоупотреба на активностите на здруженијата, фондациите и организациите регистрирани согласно овој закон, е должен да поднесе иницијатива за ЗАБРАНА за дејност, односно правна мерка до Основен Јавен Обвинител и понатаму до Надлежниот Суд.
Коалиција ,,Менуваме”
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.