Утрински Весник
Свет

Жителите на десет предградија на Мелбурн повторно во карантин

Жителите на десет предградија на Мелбурн повторно во карантин

Карантински мерки ќе бидат воведени во десет предградија на Мелбурн, како резултат на зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Премиерот на државата Викторија наведе дека мерките ќе стапат на сила на 1 јули во 23:59 часот по локално време и дека ќе важат до 29 јули.

Граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови за да одат по намирници, во случај на пружање или добивање нега, да вежбаат, како и да одат на училиште и на работа, доколку работата од дома не е можна.

Неодамна отворените салони за убавина, спортските сали, библиотеки и базени во овие области повторно ќе бидат затворени, додека во кафулињата и рестораните, ќе биде можно да се подигнат нарачки, пренесува Си-ен-ен.

Во Викторија се пријавени уште 64 нови случаи на коронавирус, а бројот на нови случаи во оваа земја има двоцифрен број 14 дена по ред.

Текстот Жителите на десет предградија на Мелбурн повторно во карантин е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп