Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација
300x250 opst2

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска претставници на неколку мали винарници поднесоа барања за упис во Регистарот на производители на вино.

Барањата се доставени до Архивата на МЗШВ, по што претставниците на винариите имаа средба со министерот Трајан Димковски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Како што објави Димковски на својот фејсбук профил, со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, се олеснија условите за упис во Регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Измената ќе придонесе за праведност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствува со капацитетот за производство.

-Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат на легален начин да го пуштат во промет, наведува Димковски.

За полесен пристап до регистрацијата, МЗШВ изготви флаер со чекори до упис во Регистар на производители на вино. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник