Утрински Весник
Македонија

Завршува акцијата за отстранување на дрвја од навремето во Долна Преспа

Завршува акцијата за отстранување на дрвја од навремето во Долна Преспа

Ресен, 30 јуни 2020 (МИА) – Припадници на Армијата и ЈП „Национални шуми“ во соработка со локалното население од Брајчино, Љубојно, Наколец, Долно Дупени, Крани и Арвати, успешно реализираа акција на остранување паднати и искрешени дрвја во реонот на Долна Преспа.

Во двонеделната акција изврешено е расчистување на речни корита и водотеци, и овозможено е безбедно движење низ планинскиот предел, изјави за МИА, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

-Со акцијата расчистени се речните корита на реките во Брајчино и Крани, врз кои имаше многу искршени дрвја и гранки, а тие пак го оневозможуваа слободниот тек на водата. Благодарение на инженериска единица на македонската армија и екипи на ЈП „Национални шуми“ сега се спречуваат евентуални поплави бидејќи отстранети се големи трупци и дрва кои освен во реките беа паднати и врз планинските патишта и патеки. Но, освен благодарност до екипите, во оваа прилика сакам да се заблагодарам на соработката со локалното население што ја поддржа и се вклучи во акцијата која формално завршува утре, истакна Гошаревски.

Како што е познато, кон крајот на минатата година, во невреме во Долна Преспа беа искрешени многу дрвја кои оштетија бандери, патишта и речни корита, дел од нив Општина Ресен веднаш ги отстрани, а во изминатите две недели со поддршка на Армијата и ЈП „Национални шуми“, целосно е расчистен планинскиот предел во тој крај. мт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме