Утрински Весник
Економија

Прометот намален во трговијата на мало со храна, пијалаци, тутун, непреханбени продукти и автомобилски горива

Лани активни биле близу 76000 деловни субјекти, најмногу во трговијата

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Намалување на прометот во трговијата, особено во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, непрехранбени продукти, освен гориво и кај трговијата на мало со автомобилски горива.

Според податоците на Државниот завод за статистика во трговијата на мало во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 13,8 отсто, а реално за 15,6 отсто, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 13,2 отсто, а реално за 13  отсто и трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 13,5 отсто, а реално за 14,3 и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 47,8 отсто, а реално за 29,2 отсто. скс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија