Утрински Весник
Македонија

Проштална средба на градоначалникот Богдановиќ со српската амбасадорка

Проштална средба на градоначалникот Богдановиќ со српската амбасадорка

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска оствари средба со Душанка Дивјак Томиќ, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија и досегашен доајен на дипломатскиот кор, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во нашата држава.

Од прес-службата на Општина Центар информираат дека на средбата било посветено внимание на односите меѓу двете држави кои, како што велат, се оценети како пријателски и добрососедски.

– И двајцата соговорници се согласија дека е неопходно продолжување и унапредување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете пријателски земји во сите области од заемен интерес. Како особен напредок беше посочено воведување на српскиот јазик и култура како изборен предмет во основното образование во нашата држава, се вели во соопштението од општината.

Двајцата соговорници ја нагласија одличната соработка во борбата со последиците од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Градоначалникот Богдановиќ и се заблагодарил за долгогодишниот ангажман на амбасадорката Дивјак Томиќ во годините во насока на унапредување на соработката и зближувањето меѓу народите на двете држави. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор