Утрински Весник
Политички Партии

Таравари: На партиските собири не се почитуваат протоколите за заштита

Таравари: На партиските собири не се почитуваат протоколите за заштита

 

Гостивар, 30 јуни 2020 (МИА) – Гостиварскиот градоначалник и генерален секрeтар на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари предупредува од влошување на состојбата со пандемијата во земјава по изборите, а како причина за тоа го наведе непридржувањето на протоколите за заштита од ширење на вирусот за време на предизборната кампања.

– Мој впечаток, е и за жал можам да констатирам дека речиси никој не се придржува кон протоколите. Јас лично и во партијата каде што членувам ги почитуваме и го одржуваме пропишанотo растојание меѓу столчињата, меѓутоа повотрно има групирање на луѓе, а тоа е многу загрижувачко. Оваа појава не е присутна само во Гостивар, туку и секаде низ државата. Однесувањето за време на кампањата ќе ги даде резултатите за еден месец, оцени Таравари.

Запрашан за попрецизен коментар на какви резултати мисли, тој посочи дека тоа се однесува на енормно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот и коментираше дека по изборите освен нови пратеници ќе имаме и многу повеќе новозаболени. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт