Утрински Весник
Македонија

Нов проект за поддршка на локалните земјоделски производители

Нов проект за поддршка на локалните земјоделски производители

Гевгелија, 30 јуни 2020 (МИА) – Општина Гевгелија и Фондацијата за локален развој најавија заедничка реализација на проект за помагање на производители на храна од гевгелискиот регион како и потрошувачи кои имаат интерес да купуваат храна од локални производители на кои квалитетот и начинот на производство им се приоритет.

-Проектот има примарна цел да овозможи услови за зголемување на приходите на малите фармери и да привлече нови фармери преку воведување иновации во земјоделството и руралниот развој за кои потоа проектните активности предвидуваат обука, изработка на концепт и интернет базирана платформа за комуникација на линија производители-потрошувачи, како и понудени можни решенија за одржливост на системот, велат од Фондацијата за локален развој.

Реализацијата на проектот, велат, е резултат на најновите случувања на глобално ниво кои наметнаа потреба за поддршка на секторите од регионот кои се најдоа под удар на пандемијата со Ковид-19, а земјоделството и производството на храна се избрани затоа што долги години претставуваат двигател на локалната економија. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме