Утрински Весник
Македонија

Општина Кичево со субвенции до намалување на невработеноста

Општина Кичево со субвенции до намалување на невработеноста

Кичево, 30 јуни 2020 (МИА) – Отворено се повикуваат невработените лица на територијата на Општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање на нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување.

– Работодавачите кои ќе обезбедат дополнително работно место за невработени лица и невработените лица кои своето вработување сакаат да го реализираат со финансиска поддршка обезбедена од Општина Кичево, врз основа на претходно утврдени oперативен план и насоки за спроведување на мерките за самовработување, треба да поднесат пријава во Општина Кичево, информира секторот за односи со јавноста.

Тие објаснуваат дека предвидените мерки за самовработување вклучуваат: подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината, субвенционирање за ново работно местo.

– Кандидатите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во oперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски: да регистрираат правен субјект во Централен регистар на РСМ, да се самовработат, да добијат финансиска поддршка за изработка на бизнис план при што износот ќе биде одбиен од вкупната сума на добиениот грант, да користат грант за опрема односно материјали во максимален износ од 180.000,00 денари и ослободување од обврска за плаќање комунална такса, фирмарина во период од две години и да овозможат услови за непречено следење на работата на правниот субјект за времетраење на договорот, наведоа од Општина Кичево.

Рокот за пријавување на сите заинтересирани невработени лица е до 28 август, оние кои се заинтересирани можат да се информираат по детално за мерката во Општина Кичево секој работен ден, додаваат од службата за односи со јавноста при општината.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот