Утрински Весник
Спорт

Вацке не верува дека некој ќе плати за Санчо онолку колку што бара Борусија

Санчо ќе заработува по 6 милиони евра на сезона во Дортмунд

Дортмунд, 29 јуни 2020 (МИА) – Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке го сподели своето мислење за можното заминување на напаѓачот Џејдон Санчо.

– Ако Џејдон дојде и рече дека сака да ја напушти Борусија, без оглед на тоа, и постои клуб подготвен да ја плати потребната сума, тогаш ќе разговараме за ова прашање. Но, досега тоа не се случи. И не мислам дека некој ќе плати за Санчо колку што бараме, убеден е Вацке.

Борусија очекува да добие 125 милиони евра за 20-годишен Англичанец. Оваа сезона, напаѓачот одигра 41 натпревар на сите турнири, во кои постигна 20 гола и направи 18 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0