Утрински Весник
Спорт

Лихштајнер го напушти Аугзбург

Лихштајнер го напушти Аугзбург

Аугзбург, 29 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот Стефан Лихштајнер го напушти Аугзбург. Ова го објави самиот фудбалер на својот Твитер.

– Благодарам драги фанови за поддршката. Благодарност до мојот тим. Беше забавно со вас. Ви посакувам се најдобро за иднината, напиша Лихштајнер.

Лихштајнер играше за бундеслигашот од летото 2019 година. Во сезоната 2019/2020, тој настапи на 20 натпревари во германскиот шампионат. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ