Утрински Весник
Македонија

Во Кичево во два одвоени пожара изгоре еден трактор и два хектари сено

Изгоре борова шума во атарот на село Руиново
Dik 300x250 mk

Кичево, 29 јуни 2020 (МИА) – Во две кичевски села вчера биле опожарени два хектари сено и еден трактор. На двата одвоени пожари интервенирала Територијалната противпожарна единица која ги локализирала и изгаснала.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, вчера во 10:30 часот, во месноста „Бајрамова нива“, атар на кичевското село Трапчин Дол, бил опожарен трактор сопственост на Н.Р.(50) од истото село. Пожарот бил изгаснат.

Тој додаде дека исто така вчера во 12:55 часот, во нива во атарот на кичевското село Вранештица, сопственост на М.Р.(49) од истото село, во пожар целосно изгореле околу два хектари сено и ниско стеблеста вегетација. По интервенција на територијалната против пжарна единица пожарот бил локализиран. рз/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка