Утрински Весник
Македонија

Изјава на портпаралот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајковски

НСДП: Потребно е да се демонстрира политичка волја за правниот систем да се постави на цврсти решенија

Скопје, 29 јуни 2020

Нова социјалдемократка партија од секогаш била и останува на страна на средната класа, на работникот, на страна на сите оние кои кои се обидуваат да обезбедат пристоен живот за себе и своите семејства само со помош на својот труд, образование, вештини. Веруваме во можноста за намалување на се поголемите раслојувања меѓу богатите и сиромашните преку политики кои ќе доведат до унапредување на работните односи и пазарот на трудот. Реализирањето на нашите цели за повисоки, и пред се, стабилни плати за работниците како и за социјална сигурност на нивните семејства го гледаме преку понатамошно зголемување на опфатот на прогресивното оданочување, со што богатите ќе плаќаат повисоки даноци, како и преку потребата за подигнување на нивото на минималната плата.

НСДП се залага за трансформирање на пазарот на трудот, што би опфатило промени во работното законодавство и тоа преку модел во кој работникот добива право на учество во профотот, во добивката, но и обврска за прифаќање на ризикот во случај на загуба во работењето на компанијата.

Достоинството на работникот и гарантирањето на неговите материјално- егзистенцијални права поврзани со плати, придонеси, престанок на работниот однос, прераспределување на работни места и слично не смеат да бидат маргинализирни и забошотени.

Во пракса, токму овие предмети низ судските лавиринти носеа горчливи трауми за работниците и нивните семејства и затоа НСДП во идната Влада, формирана од Коалицијата МОЖЕМЕ, ќе се заложи за издвојување на судските постапки поврзани со работните односи преку формирање на специјализирани одделенија во постојните судови, со што споровите од работните односи ќе се решаваат побрзо и поефикасно.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна