Утрински Весник
Македонија

Прскање против комарци утре и задутре во Македонска Каменица

Прскање против комарци утре и задутре во Македонска Каменица

Делчево, 29 јуни 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица утре и задутре ќе се спроведе авионско и теристичко прскање против комарци. Авионското прскање, како што информираат од Општината, ќе се спроведе во раните утрински часови.
-Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во среда, 1 јули 2020 во периодот меѓу 04:00 и 08:00 часот наутро, на територијата на општина Македонска Каменица ќе се спроведе авиотретирање против возрасни комарци. Претходно, во вторник 30 јули 2020 година помеѓу 22:00 и 00:00 часот, од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани, ќе биде извршено и теристичко третирање на возрасни комарци во градската средина на општина Македонска Каменица, стои во соопштението.
Апелираат граѓаните што одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
-Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци, широкопојасен инсектицид за третирање комарци, одобрен од Бирото за лекови, додаваат надлежните.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци според планираното ќе биде одложено за следниот поволен ден. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога