Утрински Весник
Македонија

Во средните училишта во Велес денес трет уписен рок, најмноги места има во економска

Во средните училишта во Велес денес трет уписен рок, најмноги места има во економска

Велес, 29 јуни 2020 (МИА) – Во средните училишта во Велес денеска се спроведува третиот уписен рок за претстојната учебна 2020/2021  година, слободни места има во сите четири, а најмногу во Економското училиште „Јовче Тесличков“ каде  во двата уписни рока се запишале 11, а  има вкупно 170 места.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двата уписни рока запишани вкупно 108   ученика,   настава на македонски јазик  94,  а во една  во албанската паралелка  има запишани 14. Вкупно треба да се запишат 204 во шест паралелки, од кои  пет на македонски и една на албански наставен јазик.

Во ССОУ  Коле Неделковски“ по двата уписни рока во двата смера електро и машински запишани се вкупно  197, а има слободни 399 слободни места

Во ССОУ „Димитрија Чуповски“ попознато како хемиска, каде по двата уписни рока запишани  се вкупно   117,  а има вкупно  238 места.Таму најмногу интерес имаше за трите медицински паралелки за медицинска сестра, болничар и фармацевтски техничар.

Во Економското училиште „ Јовче Тесличков по двата уписни се запишани само 11 ученици, а има слободни 170 места.

По двата уписни рока во прва годинита во четирите средни училишта во Велес се запишани 433 ученици,а колку што има и завршено деветтооделенци, а има вкупно слободни 1011 места..Во нив освен од Велес се запишуваат и ученици од соседните општини.

Во поширокиот регион, општина Велес со општините Градско, Лозово и Чашка годинава завршиле 590 ученици.

Во сите средни училишта каде што и по третиот уписен рок ќе има се уште слободни места, незапишаните деветооделенци за прва средно ќе можат да се запишат и на последниот рок на 24 август.ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?