Утрински Весник
Македонија

Oпштина Велес утре ќе изврши второ авионско прскање против комарци

Oпштина Велес утре ќе изврши второ авионско прскање против комарци

Велес, 28 јуни 2020 (МИА) – Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 29-ти јуни во понеделник во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 30 јуни-вторник.

Како што појаснуваат од Општина Велес, границата на третирањето е Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север до Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.

Тие ги  известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено