Утрински Весник
Македонија

Се уредува туристичкиот локалитет ,,Равна Река” во Пехчево

Се уредува туристичкиот локалитет ,,Равна Река” во Пехчево

Пехчево, 27 јуни 2020 (МИА) – Во Пехчево се уредува излетничкото место кај туристичката населба „Равна Река”. Во акцијата, како што информираат од општината се вклучени 20 вработени, и со неа се опфатени чистење на отпадот и замена на дотрената урбана опрема.
-Со цел да го сочуваме природниот потенцијал решивме да спроведеме акција за чистење на локалитетот. Во рамки на акцијата која поради топлото време се спроведува во раните часови, се уредуваше обраснатата вегетација околу излетничкото место, се заменуваше дел од дотраената урбана опрема, а се чистеше и околниот отпад, информираа од општината.
Оттаму посочија дека наскоро ќе се отстранат дотраените мостови и патеки, кои водат до околните водопади.
-Со цел да понудиме повеќе атракции за туристите, предвидено е поставување дрвени мостови, друга инфраструктура и опрема, каде ќе понудиме простор и за одмор и рекреација на надморска височина од над 1.600 метри, истакнаа надлежните.
Претходно, вработените заедно со екипи на Јавното претпријатие „Комуналец” ги чистеа обраснатите тревни површини долж патниот правец кој води до локалитетот Равна Река.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!