Утрински Весник
Спорт

Левандовски прв фудбалер во Бундеслигата кој стана најдобар стрелец во три последователни сезони

Минхен, 27 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигна најмногу голови во германската Бундеслига која заврши денес. Полскиот фудбалер стана првиот играч во историјата на првенството кој ја освои титулата најдобар стрелец во три последователни сезони.

На сметка на Полјакот оваа сезона се 34 погодоци за 31 натпревар. Левандовски и денес постигна гол во триумфот над Волзсбург со 4:0.

Претходно, Левандовски беше прогласен и за најдобар играч во Бундеслигата за оваа сезона.

По Левандовски на листата на стрелците се Тимо Вернер од Лајпциг со 28 гола на 34 натпревари и Џејдон Санчо со 17 гола на 17 натпревари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина