Утрински Весник
Спорт

Само бод за Барселона во Виго, Реал има шанса да биде сам на врвот во Ла Лига

Гранада и го нанесе вториот пораз на Барселона оваа сезона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Виго, 27 јуни 2020 (МИА) – Барселона испушти победа попладнево на гостувањето кај Селта во Виго, откако прими гол во финишот од мечот кој заврши 2:2.

По овој „кикс“ Барселона е прва на табелата, но на нејзиното конто наместо планираните три, е додаден само еден бод. Каталонците сега имаат 69, пред Реал кој е со 68, но и натпревар помалку.

Мадридскиот клуб утревечер, во рамките на 32. коло, ќе гостува на Еспањол и со евентуална победа ќе биде сам на врвот во Ла Лига со два бода предност пред големиот ривал за трофејот.

На првиот денешен дуел од 32. коло во Шпанското фудбалско првенство, Атлетик Билбао ја совлада Мајорка со 3:1. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место