Утрински Весник
Македонија

Еуромакс: Рудникот Иловица – Штука нема да ги загадува почвата, водата и воздухот

Еуромакс: Рудникот Иловица – Штука нема да ги загадува почвата, водата и воздухот

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Во континуитет се соочуваме со една група активисти кои во име на заштита на животната средина, но без издржани аргументи артикулираат обвинувања, повикуваат на омраза и осуда кон Проектот- „Рудник на Можности Иловица-Штука“, но и кон сите кои ја поддржуваат неговата реализација, не верувајќи во празното повторување невистини, дезинформации и апокалиптични сценарија, велат од „Euromax Resources”, по денешните протести во Струмица.

– Го почитуваме сечие право за слободно изразување, но разочарани сме што оваа група се обидува во предизборниот период неодговорно да „се пазари“ со судбината на илјадници жители од регионот кои преку проектот имаат можност да си обезбедат квалитетни работни позиции и значително подобрување на животниот стандард, стои во соопштението.

Проектот за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“ е развиен врз повеќегодишни истражувања за влијанието врз животната средина, применувајќи ги највисоките европски и светски стандарди, информираат од „ Euromax Resources”.

Во соопштението посочуваат дека оваа најголема директна странска инвестиција во државата нема да ја загадува почвата, водата и воздухот, ниту ќе претставува опасност за здравјето на луѓето.

– Работејќи заедно, сите ќе докажеме дека во новата ера – Одржливото Рударство и Земјоделство Можат Успешно да Егзистираат Заедно. Ваква капитална инвестиција има реален капацитет сериозно и ефикасно да го забрза заздравувањето на регионалната и на националната економија. Проектот ќе создаде илјадници директни и индиректни работни места а од даноците и од другите законски давачки кои Еуромакс ќе ги уплаќа во буџетот, ќе се вложува во подобрување на локалното образование, социјалните програми и здравствената заштита, како и за модернизација на локалната инфраструктура, потенцираат од Еуромакс.

Истовремено од Еуромакс, апелираат до сите граѓани и релевантни институции во Република Северна Македонија, пред да донесат одлука за иднината на Проектот, добро да се информираат за сите точни и аргументирани факти за изградба и оперирање а посебно во делот за заштита на животната средина. оџ/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина