Утрински Весник
Македонија

Царовска: За 15 проценти ги зголемуваме сите права за попреченост

Царовска: Направивме многу, донесовме нови вредности и исправивме направди

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска денеска во дворот на семејство во Драчево се сретна со мајки на деца со попреченост. Царовска со родителите разговараше за можностите за користење на правата и услугите што ги нуди реформираниот систем за социјална заштита и она што го нуди предизборната програма на Коалицијата Можеме за следните 4 години.
– СДСМ е партија што ги препознава и одговара на потребите на лицата со попреченост и останатите ранливи лица. Во изминатиот период целосно го реформиравме системот за социјална заштита. Немаме повеќе деца во институции. За прв пат обезбедивме финансиска поддршка од 8.000 денари за лицата со тешка и најтешка попреченост. Развивме целосно нови услуги како што се персонална асистенција и нега и одмена во домот, рече Царовска.
Во новиот мандат, најави таа, продолжуваме да се грижиме за најранливите и сите права за лицата со попреченост ги зголемуваме за 15 проценти.
– Воведуваме и целосно нови услуги на локално ниво кои ќе го олеснат животот и ќе допринесат за поголема социјализација и на децата и лицата со попреченост и на нивните родители, рече Царовска.

Поддршката на СДСМ на претстојните избори, нагласи Царовска, е од суштинско значење за да може да продолжат започнатите реформски процеси и да не дозволиме некој да го урне досега изградениот систем. Сите заедно можеме да направиме многу повеќе за лицата со попреченост. оџ/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“