Утрински Весник
Спорт

Полицијата на Мерсисајд ги повика навивачите на Ливерпул титулата да си ја прослават дома

Полицијата на Мерсисајд ги повика навивачите на Ливерпул титулата да си ја прослават дома

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Полицијата од Мерсисајд издаде соопштение во ги кое повикува фановите на Ливерпул во домашен амбиент да си ја прослават титулата освоена по 30 години во Англискиот фудбалски шампионат.

– Јасно е дека некои луѓе сакаат да се соберат на јавни места и да го прослават успехот на клубот, а ние ги охрабруваме да ја направат вистинската работа и да слават дома, се вели во апелот.

Коронавирусот не исчезна, инфекциите во северозападниот дел како целина се сè уште непропорционално високи во споредба со другите делови на земјата, стои во соопштението на полицијата.

Ливерпул од вчера ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата, иако до крајот на сезоната има да се одиграат уште седум кола. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа