Утрински Весник
Спорт

Кака: Нејмар е на три натпревари од бр.1 во светот

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Париз, 26 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот бразилски интернационалец Кака смета дека неговиот сонародник Нејмар е на работ да биде прогласен за најдобар фудбалер на планетата.

По напуштањето на Барселона за Пари Сен Жермен, Неј Џуниор е почесто повреден или се вклучува во скандали, отколку да се развива.

Според Кака, сепак, триумфот во Лигата на шампионите би променил сè.

Французите се во четвртфиналето и поради новиот формат на турнирот им требаат само три последователни успеси за да го подигнат трофејот.

– Успехот во Лигата на шампионите ќе биде клучен за Нејмар. Нема сомнение дека со овој трофеј ќе стане бр.1 во светот. Нема друг фудбалер кој има подобри шанси од него, рече Кака за „Глобоспорте“.

Најпрестижниот клупски турнир ќе биде комплетиран во август во Португалија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја