Утрински Весник
Македонија

Кинотеката доби средства за одржување хигиена од Алкалоид

Кинотеката доби средства за одржување хигиена од Алкалоид

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Кинотеката соопшти дека добила донација од компанијата Алкалоид АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена.

Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство. Алкалоид и Кинотеката се стари пријатели. Нашата институиција во изминативе години повеќепати има добиено донации од Алкалоид во форма на производи или финансиски средства наменети за организација на проекции, настани и промоции, посочуваат од Кинотеката.

Оваа последна донација, потенцираат, ќе придонесе за одржување на просториите на Кинотеката, во исчекување на летното кино на што забрзано работиме, и за успешно намалување на опасноста од пандемијата што не’ натера да се прилагодиме на поинаков начин на работа и комуникација со граѓаните и кинотечната публика. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има