Утрински Весник
Спорт

Лампард: Ливерпул и Сити поставуваат нови стандарди во Англија

Лампард: Ливерпул и Сити поставуваат нови стандарди во Англија

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Ливерпул и Манчестер Сити поставуваат нови стандарди што другите тимови од Премиер лигата мора да ги следат, изјави менаџерот на „сините“, Френк Лампард по неговата победа од 2:1 над Пеп Гвардиола и Сити.

Токму тимот од Лондон ги направи „црвените“ од Мерсисајд шампиони во четвртокот вечер.

Лампард, кој освои три титули со Челси како фудбалер, му честиташе на Ливерпул за време на прес-конференцијата по натпреварот.

– Мислам дека во последните три сезони Ливерпул и Сити се натпреваруваа едни против други, далеку од сите други. Овие две екипи завршија многу работа за да го достигнат ова ниво. Разликата со другите е огромна, но мора да ја избришеме. Ние сакаме да се развиеме и да бидеме покрај двете најдобри екипи во светот. Повторно, му честитам на Ливерпул за она што го направи, рече Лампард.

Челси е на четвртото место на рангот и е со 32 бода зад Ливерпул.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027