Утрински Весник
Македонија

Спасовски, заедно со голем број светски лидери, е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ во услови на пандемијата со КОВИД-19

Велигденска честика на Спасовски до католичките верници: Празникот да го поминеме во мирот и спокојството на домот и да излеземе посилни и подобри

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“, иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер зад кое со поддршка застанаа уште 63 организации од светот. Писмото го потпишаа голем број активни и поранешни политички лидери, шефови на држави и влади, како и останати политички и граѓански лидери ширум светот, вклучувајќи 13 нобеловци.

Како што соопшти владината прес-служба, писмото има цел да ја подигне свеста и да ги мобилизира граѓаните и носителите на политики да ја заштитат демократијата во услови на пандемијата со Ковид-19, во кое се истакнува дека справувањето со оваа глобална криза не смее да се спроведува на сметка на човековите права на сите граѓани, особено малцинствата и ранливите групи.

– Постоечката пандемија претставува сериозен глобален предизвик и за демократијата и таа не смее да биде заобиколена или под закана и луѓето што се грижат за неа мора да смогнат волја, дисциплина и солидарност во нејзина одбрана. Во прашање е слободата, здравјето и достоинството на луѓето насекаде“, се вели во отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“.фф/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа