Утрински Весник
Македонија

Три нови летни сцени во Градски парк

Три нови летни сцени во Градски парк
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Град Скопје вечерва во 19 часот организира pop up изложба на отворено. На изложбата ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

– На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека ќе доделат три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.

– Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да го запазиме принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот, наведуваат од Град Скопје.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи