Утрински Весник
Македонија

Онлајн седница на Советот на Општина Карпош

Онлајн седница на Советот на Општина Карпош
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Членовите на Советот на Општина Карпош на денешната онлајн седница ја изгласаа одлуката за прифаќање на движни ствари – столарија (прозорци и врати) на трајно користење без надомест, доделени од Владата во вредност од околу 2.100.000 денари, кои ќе бидат употребени во градинката „ Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 .

Советниците прифатија и донација движни ствари – Даикин пумпи (систем за греење) на  трајно користење без надмост во вредност од 3.700.000 денари од Владата и тие ќе бидат инсталирани во градинката „Пролет“ во Влае 1.

На оваа седница, како што соопшти Општина Капош, беше донесена и Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Карпош, преку буџетски ставки со кои ќе се подобри функционирањето на основните училишта и градинките кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. сст/ац/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи