Утрински Весник
Македонија

АВМУ:Забрането е емитување ППР со малолетници

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги:На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување на првиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори 2020 година, констатирала дека повеќе телевизии, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, емитувале платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Од Агенцијата, во денешното соопштение, потсетуваат дека за содржината на платеното политичко рекламирање одговорноста е кај нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување. Оттаму, апелираат во соопштението, радиодифузерите веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.

– Радиодифузерите имаат уредничка одговорност за секоја одлука да емитуваат некоја содржина на нивниот програмски сервис. Затоа треба внимателно да ги прегледуваат сите содржини и да одбијат да ги емитуваат оние со коишто се прекршува не само Изборниот законик, туку и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова особено се однесува на посебните забрани од членот 48, во кои спаѓаат и поттикнувањето и ширењето дискриминација, нетрпеливост и омраза врз која било забранета дискриминаторска основа, стои во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. цр/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!