Утрински Весник
Спорт

Зидан: Рамос на тренинзите работеше многу слободни удари

Зидан: За мене, Гвардиола е најдобар тренер на светот
Dik 300x250 mk

Мадрид, 25 јуни 2020 (МИА) – Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го пофали капитенот на тимот Серхио Рамос кој синоќа против Мајорка (2:0) постигна убав гол од слободен удар.

– Рамос сакаше да постигне гол од слободен удар. Тој го работеше многу овој елемент на тренинзи. Тој е нашиот водач, нашиот капетан и нè води напред. Треба да се опуштиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Игра со четворица напаѓачи? Ние сме тука да пробаме различни опции. Имаме многу играчи, и имаше таква опција. Мислам дека игравме доволно добро. Секогаш има што да се подобри, но задоволен сум од победата, истакна Зидан.

Реал е лидер во Шпанското фудбалско првенство и е во „мртва“ трка за титулата со Барселона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс