Скопје, 25 јуни 2020
Пораките за обнова на земјата кои ги упатува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се пораки на политичар кој се крие, кој бега, кој се плаши, кој е загрижен единствено за спас на остатоците од режимот на неговиот ментор од Будимпешта“, порача потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во изборната единца 1 од коалицијата „Можеме“, Горан Мисовски.
„Учеството во разгневената толпа која се обидуваше на 27 април во 2017 година да изврши убиство на пратениците кои формираа мнозинство, зборува за неговата политичка позадина, за неговите скриени амбиции кои немаат никаква врска со напредокот, демократијата, со отворање на западно-европски перспективи за граѓаните. Подвиткан под бремето на злосторничкото здружение од Белиот дворец, не може политички да се исправи пред македонската јавност и сега преку навредливи предизборни спотови ја навредува, понижува и изедначува со себе. Срам да ти е Мицковски“, рече Мисовски.
Тој порача дека на Северна Македонија не и е потребен политичар кој кришум се шета по кафеани и теретани додека здравствените работници неуморно се обидуваат да спаст човечки живот.
„Ужива во луксузот на Белиот дворец, смешкајќи се под скапоцените уметнички слики, во јавноста се обдиува да држи лекции за морал и политика, за јавен интерес. Наместо да биде доблесен и искрен во јавно декларираните намери, да собере храброст и да се откаже од дел од имотот на најбогата политичка партија во Европа и директно финансиски да ја поддржи борбата против корона вирусот, тој продолжува да „свири“ по нотите кои му ги пишуваат во Будимпешта“, рече Мисовски и истакна дека 60 милиони евра богатство на ВМРО-ДПМНЕ акумулирани за време на нивното владеење, доколку се насочиле кон здравствениот систем или образованието тоа ќе значеше поголем број на спасени човечки животи во оваа битка со епедимијата и повеќе насмевки на децата во градинките и училиштата.
„Но за среќа граѓаните имаат избор, на 15 јули ќе може да одберат државата да продолжи по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот за кои сонува и копнее Мицковски“, додаде Мисовски.
Служба за односи со јавност на НСДП
__________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.