Утрински Весник
Македонија

Излезе од печат книгата ,,Континуитетот на кинетографското писмо во Македонија” од Христијан Николовски

Излезе од печат книгата ,,Континуитетот на кинетографското писмо во Македонија” од Христијан Николовски

Делчево, 25 јуни 2020 (МИА) – Излезе од печат книгата „Континуитетот на кинетографското писмо во Македонија“ од авторот Христијан Николовски. Делото е прва книга од авторот кој истакна дека содржи детален аналитички осврт на кинетографското писмо во Македонија и неговото развивање со текот на годините.

– Кинетографското писмо претставува начин на запишување на чекорите во традиционалната игра и постојат повеќе начини и методи на запишување и бележење на традиционалните игри. Од историски аспект во книгата даден е аналитички осврт на повеќе видови писма, кои биле во функција на кинетографијата во Македонија, како што се знаковите системи, дескриптивниот метод на објаснување на игрите и знаковите системи во комбинација со дескриптивен метод. Овие видови кинетографски писма и методи на запишување биле доста сложени, неунифицирани и не дошло до нивно ширење и прифаќање во светски рамки, истакна Николовски.

Содржината на овој труд, како што додава, содржи податоци за кинетографијата и нејзината примена на територијата на бившата југословенска држава, кинетографијата во Бугарија и за кинетографското писмо на Рудолф Лабан, познато како лабанотација, кое остава трајни обележја и достигнувања во светски рамки.

– Исто така, во делото дадена е јасна слика за развојот и употребата на кинетографските писма во Македонија, како од самата појава, така сè до ден денес, гледајќи и од современ аспект. Трудот содржи податоци за авторите и главните претставници на кинетографијата и кинетографските писма во споменатите простори, автори кои оставаат големи епохални дела значајни за

науката, кои претставуваат основа и база при создавањето на овој труд, додава Николовски.

Рецензенти на книгата „Континуитетот на кинетографското писмо во Македонија“ се професор д-р Владимир Јаневски и професор д-р Стефанија Лешкова Зеленковска. Магистер Христијан Николовски кој е по потекло од Делчево е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и асистент на Музичката академија при УГД Штип на одделот за Етнокореологија. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дсвкова, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид

ВРЕДИ со честитка за Велигден

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела