Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение од СДСМ за интересите на партијата

СДСМ: Со почитување на препораките се грижиме за нашето и за колективното здравје и им помагаме на здравствените работници

 

Скопје, 25 јуни 2020

Граѓаните ја гледаат јасната разлика помеѓу одговорниот, државнички пристап на СДСМ и незрелиот, деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и државата.

СДСМ носи решенија за долгогодишните проблеми и потреби, ВМРО-ДПМНЕ нуди лажни вести и обнова на режимот.

Граѓаните гледаат и знаат кој застана во борбата против коронавирусот, а кој застана зад лажните вести кој, креваше паники и кршеше здравствени мерки. Знаат кој во време на забрани шеташе по теретани и кафани, додека здравствените работници неуморно се борат со коронавирусот.

Јавноста е сведок кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка. Јавноста гледа кој работи и се води од државни и народни, а кој од лични и партиски интереси.

Јасно е, СДСМ е посветен на интересите на државата и иднината, свртена кон индината, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот, свртена кон темното и неизвесно минато.

Затоа, на 15 јули граѓаните ќе го казнат незрелото, неодговорно и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе изберат државата на продолжи на правиот, на вистинскиот пат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт